„Златан е расист и хомофоб“

Портпаролот на политички организираниот дел од италијанската ЛГБТ-заедница го обвини Златан Ибрахимовиќ за хомофобија по настапот на „Сан Ремо“.

Еден момент сериозно ја налутил ЛГБТ-заедницата во Италија. Водителот на фестивалот, уметникот Амадеус, побара од Златан да замисли како би изгледал овој настан а преносот да се организира од неговата куќа.

„Пејачите во дневната соба, девојките со Златан. Ти во кујната да ми подготвуваш кафе“ – рече Златан, коментирајќи го и пејачот Лауро.

„Него ќе го ставиме во гаражата да внимава на автомобилите, крадците нема ништо да украдат затоа што се плашат од него“.

Лауро е италијански пејач кој многумина го споредуваат со Лејди Гага, затоа што не се декларира како „тој“ или „таа“, туку како „тоа“.

Па, претставникот на ЛГБТ-заедницата го осуди ваквиот настап на Ибрахимовиќ, истакнувајќи дека тоа не му било првпат.

„Ибрахимовиќ уште во Шпанија покажа дека е хомофоб. Кога еден новинар во 2010 година го праша дали е хомосексуалец, тој му порача да му ја донесе сестрата. А, погледнете го како се однесува и на терен, со расистичките навреди кон Лукаку и неговата мајка“.

Се вчитува...