Златан едно-две повторно за Пеп: Се криеше од мене по ходниците на „Ноу Камп“

Златан Ибрахимовиќ во Барселона пристигна летото 2009 година од Интер за 70 милиони евра, и на 46 натпревари постигна 22 гола. Замина по кавгата со Пеп Гвардиола со кого никако не можеше да пронајде заеднички јазик.

„Никогаш не сме се расправале од едноставна причина што тој постојано се криеше од мене избегнувајќи разговор во четири очи. По еден натпревар се вратив во соблекувалната да го побарам. Беше сокриен во една соба и чекаше да си одам. На вратата беше негов соработник кој чекаше да заминам па потоа, го слушнав, како му дофрла: ‘Можеш да излезеш, си замина Златан’“ – се потсетува Ибрахимовиќ на деновите во Барселона, во разговор за американските медиуми.

„Тој е брилијантен тренер, но лош човек… За мене и натаму најголем е Жозе Мурињо. Се слушаме повремено. Тој имаше најголемо влијание на мојата кариера. Се надевам дека наскоро ќе се врати на тренерската работа и сигурен сум дека пред него се уште многу трофеи“ – дополнува напаѓачот на ЛА Галакси.

Се вчитува...