Славен Билиќ одлично се снаоѓа во улогата на водител на емисијата „(Не)успех на шампионите“ на Арена Спорт, во која гостин во најновата епизода му е Златан Ибрахимовиќ.
Легендарниот голгетер кој моментно е директор на Милан е осврна на почетоците на кариерата и сподели анегдота од периодот кога го потпишал првиот професионален договор со Ајакс.
„Кога за првпат потпишав за Ајакс, мојата слика се појави на телевизија, а мајка ми помислила дека сум умрел. Само ја видела сликата, не разбрала за што станува збор, панично ми звонеше… И реков дека ќе играм договор за Ајакс како професионалец“, открива Златан.
Тој обелодени и кое му било хобито во раното детство…
„Не е тајна дека имам украдено многу велосипеди како дете“, коментира Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

