Навивачите на Милан можат да здивнат откако попладнево беше објавено дека Златан Ибрахимовиќ воопшто не е повреден и дека големиот ас ќе може да настапи на следните натпревари на „росонерите“. Паниката почна по утринскиот тренинг на шведската репрезентација, откако беше обелоденето дека Златан издржал само петнаесетина минути, по што во придржува на репрезентативниот лекар се упатил кон соблекувалната.
Сепак, селекторот Јане Андерсон на денешната прес-конференција ја објасни целокупната ситуација, истакнувајќи дека Златан секако имал добиено слободен ден.
„Златан Ибрахимовиќ не е повреден, тоа е факт. Се беше договорено, минаа два меча од нашиот последен меч и сите играчи имаа само по кратко завревање, истото беше случај и со Ибрахимовиќ. Оние кои го понесоа главниот дел од товарот на првите две средби сега се преморени, па решивме на овој начин да им дадеме одмор. Ибра ќе тренира со нас утре“, изјави Андерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА