Златан: Соиграчите ми се како деца, сакам да останам во Милан

Златан Ибрахимовиќ го постигна 15. погодок во Калчо-лигата сезона, уште еднаш потврдувајќи дека и пред крајот на кариерата е вистинска напааст за противничките дефанзивци. Впрочем, Златан во меѓувреме реши и да се врати во шведската репрезентација и со оваа селекеција да настапи на ЕВРО 2021, како најава дека искусниот голгетер планира да игра уште најмалку една сезона.

Неговиот договорот со Милан истекува за три месеци и преговорите за продолжување воопшто не се стартувани, но Златан не ја крие желбата да остане на „Сан Сиро“ доколку му биде понудено да ја продолжи соработката со овој клуб.

„Сакам да останам, создадовме тим и атмосфера од која произлегуваат одлични резултати. Сакам да продолжам, проектот е крајно интересен, а соиграчите ми се како деца“, изјави Златан Ибрахимовиќ.

На потег е директорот Паоло Малдини, кој треба да седне на маса со својот поранешен соиграч и да се договори за продолжување на соработката.

Се вчитува...