Златан за Мбапе: Проблем му се другарите, кои му велат дека е најдобар

Златан Ибрахимовиќ секогаш е максимално искрен во изјавите за медиумите, па шведскиот ас во интервју за француските медиуми отворено говореше и за Килијан Мбапе, оценувајќи го како еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Искусниот голгетер сепак откри дека кај Мбапе постои голем простор за напредок, пред се кога станува збор за мотивацијата.

„Јас многу го сакам Мбапе, тој е играч од највисока класа, но не работи доволно, не дава се од себе. Не знам дали е свесен, може да биде уште многу, многу посилен, доколку само реши дека ова ниво на кое што е сега не е доволно, дека може уште подобро. Проблем му се другарите кои му велат дека е најдобар. Тој треба да е со луѓе кои ќе му кажуваат дека не е доволно добар, искрено да му посочат што може да прави подобро, за да напредува. Дури откако тоа ќе се случи, Мбапе ќе може да надмине некои фудбалски легенди“, изјави Ибрахимовиќ.

Се вчитува...