„Златната резерва“ Брустер го спаси Ливерпул од пораз (видео)

Ливерпул по огромна битка успеа да остане непоразен на пријателскиот натпревар со Салцбург, втор и последен меч што актуелниот англиски првак го одигра како дел од мини-подготовките во Австрија.

Фудбалерите на Салцбург ги изненадија „црвените“ со фуриозна игра на стартот, па Дака со два брзи гола го донесе овој тим во водство од 2-0 по неполни 13 минути игра. Ливерпул ја консолидираше играта, но се мачеше да го најде патот до мрежата на Салцбург се до влегувањето на Брустер.

Младиот голгетер, кој вториот дел од ланската сезона го мина на позајмица во Свонси, најпрвин намали на 1-2 на асистенција на Милнер, а потоа со прецизен удар од 25 метри го матираше истрчаниот голман на Салцбург, како порака дека на неговите услуги може да се смета и во новата премиерлигашка сезона.

Се вчитува...