„Златната топка“ за Модриќ, Мбапе е најдобар млад играч на Мундијалот

Лука Модриќ е добитник на наградата за најдобар фудбалер на Мундијалот во Русија, откако хрватскиот генијалец одигра маестрално на сите натпревари на овој светски шампионат. Иако на крајот не се закити со трофејот, Модриќ заслужено стигна до „Златната топка“ благодарение на сите претходно партии со кои ја одведе Хрватска до историскиот пласман во финалето.

Ова е вторпат во низа добитникот на ова признание да не доаѓа од селекцијата светски шампион, откако пред четири години тоа беше случај со Лионел Меси.

Килијан Мбапе ја доби наградата за најдобар млад фудбалер, додека по катастрофалната грешка на Љорис при голот на Манџукиќ, признанието за најдобар голман замина во рацете на Белгиецот Тибо Куртоа.

Се вчитува...