Злато и сребро за македонските таеквондисти од ЕП

Македонските таеквондисти освоија златен и сребрен медал во поединечна конкуренција на Европското клупско првенство кое се одржува во Солун, Грција, а на кое македонски претставник е ТК Бутел од Скопје.

Филип Додевски, во категоријата до 87 килограми со пет победи, против Грците Диамантидис и Антониос, Бабаевски од Русија, Трабелси од Тунис и Србинот Драшко Јованов стигна до златниот медал, додека Дејан Георгиевски во категоријата над 87 килограми, со двете победи над Марчетиќ од Србија и Омар од Франција, а по поразот од актуелниот светски шампион Абдул од Нигерија на крајот го освои среброто.

Одлични настапи имаа и Анамарија Георгиевска, Марко Стевиќ и Иван Крстевски кој во израмнета борба во полуфиналето за „влакно“ не успеа да стигне до медал.

Се вчитува...