Злато за Дарио Ивановски, бронза за Јован Стојоски на Европското атлетско првенство за мали земји

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои златниот медал на Европското првенство за мали земји кое изминатиов викенд се одржува на Малта. Македонија настапот во Малта го заврши со два освоени медали, откако и Јован Стојоски се закити со бронзеното одликување.

Ивановски настапи на трката на 5.000 метри завршувајќи со време од 14:08,99 минути. Тој беше прв на вакво ЕП и во 2021 година во Сан Марино, но на 3.000 метри.

Јован Стојоски трчаше во две дисциплини. На првата трка, на 100 метри, го освои петтото место со време 10,69 секунди, а на втората трка, на 400 метри, го освои бронзениот медал со време 47,47 секунди.

На Европското првенство за мали земји на Малта настапија атлетичари од вкупно 18 држави: Андора, Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Кипар, Грузија, Гибралтар, Исланд, Лихтенштајн, Луксембург, Молдавија, Монако, Црна Гора, Сан Марино, Македонија, Косово и домаќинот Малта.

Се вчитува...