Златото за Михамбо, Шпановиќ само четврта во скок во далечина

Во суперинтересно финале Германката, Малаика Михамбо стигна до златниот медал во скок во далечина на Летните олимписки игри во Токио.

До последната серија Германката беше на третото место, но со скок од 7 метри успеа во финишот да стигне до златото. Второто место и припадна на Американката, Бритни Рис која скокна 6.97 и поради подобрата серија заврши пред бронзената Нигеријка, Есе Брум која имаше исто најдобар скок од 6.97 метри.

Србинката Ивана Шпановиќ која беше бронзена на игрите во Рио де Жанеиро овојпат заврши само на четвртото место со скок од 6.91 метри.

 

Се вчитува...