Знае како треба – Роналдо ги „запали“ фановите на Јувентус

Кристијано Роналдо е ѕвезда и миленик на публиката каде и да настапува. Но, Португалецот знае и како да ги придобие навивачите.

По девет години поминати во Мадрид, во дресот на Реал, Роналдо летово се пресели во Јувентус и заедно со своето семејство ужива во новата средина во Италија и ја освојува публиката во Торино.

Откако потпиша за „старата дама“, Роналдо доби многу нови фанови, а со вчерашната објава на Инстаграм потполно ги „запали“ навивачите на Јувентус.

Најдобриот фудбалер во светот објави фотографија со своето семејство на која и неговата вереница Георгина Родригез и четирите деца се облечени во дресови на Јувентус. Роналдо на објавата остави и краток коментар – „црно-бело семејство“.

Овој потег на новата ѕвезда на Јувентус ги воодушеви навивачите , па само за десетина минути, еден милион негови следбеници ја лајкуваа фотографијата, а за десет часа бројката се искачи на 8,5 милиони лајкови.

Се вчитува...