„Знаев за Ливерпул, но немав поим што значи овој клуб“

Роберто Фирмино по осум години на „Енфилд“ заминува од Ливерпул како слободен игра. Бразилскиот напаѓач ќе остане запомнет како еден од најдобрите играчи во историјата на клубот, некој кој постојано го даваше максимумот, но и погодуваше кога беше најпотребно па веднаш стана и миленик на навивачите.

Нa забавата за збогување тој одржа емотивен говор во кој вели дека не можел ни да помисли колку овој клуб значи на луѓето.

„Осум години во Ливерпул и на оваа приказна за неколку денови и се ближи крајот за мене и моето семејство. Секако дека знаев за Ливерпул кога доаѓав од Германија, но сепак немав појма… Немав појма каква страст нови овој клуб и колку голема улога има во животите на голем број луѓе во светот. Не знаев колку се позитивно луди и страствени луѓето кои работат тука и колку овој клуб и овој стадион им значи.

А, вистина. Вистина е дека никогаш не ни сонував дека е можно да го постигнеме тоа што го постигнавме заедно. Голема чест ми е што бев дел од Ливерпул, од ова семејство“, вели Фирмино.

Се вчитува...