Зошто Халанд сè уште не e официјално претставен во Манчестер Сити?

Манчестер Сити одамна постигна договор со Борусија Дортмунд околу трансферот на Ерлинг Халанд. Во петокот се навршува еден месец од објавувањето на трансферот, но Халанд се уште не е официјално претставен во својот нов тим.

Но, трансферот дефинитивно е на повидок, бидејќи Норвежанецот веќе се прости од соиграчите од Дортмунд. Според медиумите од Манчестер, постојат две главни причини зошто Халанд се уште официјално не е претставен во дресот на Манчестер Сити.

Англичаните ќе ги префрлат парите за напаѓачот дури на 1 јули, датумот кога всушност ќе се случи и официјално трансферот. Во моментов меѓу двата клуба има само договор за негова подоцнежна реализација.

Друга причина е тоа што Халанд се уште не избрал број. Според изворот, Норвежанецот и неговите агенти ја чекаат одлуката за иднината на Габриел Жесус, бразилскиот офанзивец кој моментално го носи бројот 9, кој Халанд повеќе би сакал да го носи.

За потсетување, Халанд моментално е со норвешката репрезентација, која како и другите европски селекции во јуни ќе игра во Лигата на нации. Одличниот напаѓач и донесе победа на својата селекција против Србија (0-1). Вечерва ја пречекуваат Словенија, а за три дена Шведска.

Се вчитува...