Златан Ибрахимовиќ и Ромел Лукаку имаа жесток судир на вчерашниот натпревар од Купот на Италија. Паднаа тешки зборови меѓу кои Ибрахимовиќ на Белгиецот му упати и порака да „оди да работи на своите вуду ср.ња“.
Лукаку полуде на тоа посакувајќи веднаш да се пресмета со Златан. Интересно е дека Ибрахимовиќ се сеќава на „вуду“ деталите кои во јавноста ги изнесе мнозинскиот сопственик на Евертон, Ферхад Мошири во јануари 2018 година. Тој тогаш информираше дека Лукаку во јуни 2017 година одбил нов договор со Евертон поради вуду-порака која ја добил.
„Беше се договорено за нов договор, и одеднаш Лукаку ја побара својата мајка. Потоа ни соопшти дека бил на некаков ритуал во Африка, имал вуду-сесија и дека му е пренесена порака дека мора да оди во Челси, кој тогаш му даваше многу полоши услови“ – изјави тогаш Мошири.
Но, Лукаку ја демантираше неговата приказна. И, не заврши во Челси, туку во Манчестер јунајтед, и му се закани со тужба на Мошири за овие изјави.
„Одлуката на Ромел нема никаква врска со муду-магии. Тој е христијанин и нема никакви врски со такви верувања. Не се одлучи за останување во Евертон затоа што едноставно немаше доверба во проектот на Мошири. Сакаше нов чекор во кариерата. За овие изјави ќе покренеме судска постапка“ – соопштија тогаш од тимот на Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА