Зошто името на Мурињо ниту еднаш не се споменува во автобиографијата на Венгер?

Арсен Венгер е актуелен со објавата на автобиографската книга „Мојот живот во црвено и бело“ во кој ги опишува 22-те години минати во Арсенал. Она што е забележливо за книгата е дека Французинот ниту еднаш во неа не го спопменува името на Жозе Мурињо, а двајцата славни менаџери имаа бројни судири на и вон теренот. Зошто Венгер решил да не го споменува „специјалниот“ ?

„Не сакав да пишувам книга во која ќе бидат потенцирани разликите. Сакав ова да биде пзоитивна книга. Јас имав повеќе непријателски битки со Алекс Фергусот отколку со Жозе Мурињо“ – вели Венгер.

Непријателството меѓу Венгер и Мурињо кулминираше во 2014 година кога менаџерите влегоа во физична пресметка на аут линијата по една расправија. Венгер сепак вели дека неговиот најголем непријател бил Фергусон.

 

 

 

 

Се вчитува...