Зошто натпреварите од ФА купот ќе почнат со доцнење од една минута?

Почетокот на сите натпревари од третото коло во англискиот ФА куп ќе почнат со една минтуа доцнење во склоп на иницијативата на Фудбалската федерација на Англија со која се промовира менталното здравје.

„Во следните неколку месеци ќе ја искористиме најголемата моќ на нашето друштво, фудбалот, како би испратиле порака дека сите треба да водат сметка за своето ментално здравје“, порача принцот Вилијам кој е претседател на Фудбалската федерација на Англија. 

Мечевите од третото коло во ФА купот на програмата се во сабота и недела.

Се вчитува...