Фудбалерите на Реал Мадрид, Серхио Рамос и Лука Модриќ купија статуа „бронзена мравка“ вредна 5.000 евра и се приклучија во трендот на купување на изработки на лондонскиот бренд „Ишивут“, пренесуваат шпанските медиуми.
„Ишивут“ секои два месеци произведува по една „бронзена мравка“, а досега се направени вкупно 1.000. Секоја „мравка“ посебно чини по 5.000 евра. Двајцата фудбалери се дел од трендот на купување на „бронзени мравки“ бидејќи се големи вљубеници во модерната уметност. Капитенот на мадридскиот клуб веќе има купено три „бронзени мравки“, за него, за сопругата и за децата.
Una hormiga de bronce pulido, el regalazo de @SergioRamos a Pablo Motos #SergioRamosEH pic.twitter.com/s5RS36U7AD
— El Hormiguero (@El_Hormiguero) February 4, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА