Зошто Сон не се жени: Го слушам татко ми, знам дека е во право…

Сон Хеунг Мин и сезонава е еден од клучните фудбалери на Тотенхем, но корејскиот фудбалер е многу затворен кога станува збор за приватниот живот.

Една од работите што се знаат е дека Сон не е оженет, а според неговите зборови, не ни планира наскоро да заплови во брачните води, ниту пак да влезе во посериозна врска.

„Го слушам татко ми и знам дека е во право… Тој ми вели: Кога ќе се ожениш, приоритет број еден ќе ти биде семејството, сопругата и децата, а фудбалот ќе падне на второ место. Јас настојувам се додека можам да играм во топ-форма, фудбалот да ми биде број 1. Потоа ќе имам доволно време за брак и формирање семејство“, прокоментира Сон.

Се вчитува...