Зума призна вина за инцидентот со мачката

Фудбалерот на Вест Хем, Курт Зума обвинет е за насилство над животните, откако на 6. февруари со ногата ја удри мачката во стомак и во глава. Неговиот брат Јоан Зума кој го снимаше инцидентот, е обвинет за помагање и наведување на Курт да го направи ова дело.

Двајцата се обвинети по Законот за заштита на животните. Две мачиња и натаму се под заштита на Кралското друштво за превенција на грубост кон животните.

Исто така и клубот го казни својот играч во врска со инцидентот и дал донација за девет добротворни организација за заштита на животните во Британија.

Се вчитува...