Зверев ја загуби трката со времето

Вториот светски рекет Александар Зверев нема да може да настапи на УС Опен, откако германскиот тенисер не успеа да се рехабилитира навреме од тешката повреда на зглобот заработена на Ролан Гарос.

Германецот веќе неколку седмици тренира интензивно, но не се чувствува подготвен за предизвикот што го носи УС Опен како гранслем турнир што се игра во три добиени сета.

„Ако се работеше за обичен турнир, ќе играв бидејќи таму мечевите се играат до два добиени сета. Сепак, тешко е да се верува дека можам да играм добро во континуитет на мечеви што ќе се играат до три сета, затоа најдобро ќе биде да го пропуштам ова издание на УС Опен“, објави Зверев.

Покрај Александар Зверев, на гранслем турнирот во Њујорк нема да настапи ниту Новак Ѓоковиќ, а бранител на трофејот од ланската година е Медведев.

Се вчитува...