Зверев поради голф и кучиња ја прекинува соработката со Лендл

Германскиот тенисер Александер Зверев би можел да ја прекине соработката со тренерот Иван Лендл поради неприфатливото однесување на легендарниот Чех.

„Понекогаш одиме на тениските терени и во текот на тренингот кој трае два часа тој ќе ми сврти грб и ќе почне да раскажува како утрото играл голф. Купил ново куче, па покажува како оди да изврши нужда. Главни теми му се голфот и кучето“, вели Зверев. 

Лендл нема да биде во тимот на Зверев на турнирот во Хамбург кој почнува во понеделник, но засега се уште нема официјална потврда дека соработката е прекината.

Се вчитува...