Зверев се мачеше, но се избори за трето коло во Париз

Александар Зверев успешно го мина второто коло на Мастерсот во Париз. Германецот беше подобар од Аргентинецот Уго Карабели (6-7, 6-1, 7-5), кој му предизвика многу проблеми на третиот тенисер во светот.

Аргентинецот го доби првиот сет по тај-брејк, додека Зверев се врати со освојување на вториот сет со 6-1.

Во третиот одлучувачки сет, Зверев повторно беше подобар, и на крајот го доби овој сет со 7-5, што значеше дека се квалификуваше во осминафиналето на последниот Мастерс во сезоната.

Неговиот следен противник ќе биде победникот од натпреварот помеѓу Давидович-Фокин и Казу.

Се вчитува...