Еден од најдобрите тенисери на денешницата Александер Зверев со победа го стартуваше настапот на последниот АТП турнир од серијата 1000 кој се игра во кинескиот град, Шангај.
Германецот во второто коло беше подобар од Французинот Валентин Рожер со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-4. Во следната рунда Зверев за противник ќе има уше еден Французин во името на Артур Риндеркеш.
Изненадувачка елиминација доживеа Андреј Рубљов кој во три сета беше поразен од Јапонецот Јошито Нишиока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

