Зверев со провокација до Србинот: Ѓоковиќ може да игра уште неколку години, но никогаш повторно нема да биде број еден!

Поранешниот тенисер Миша Зверев упати провокација до Новак Ѓоковиќ, кој моментално се наоѓа на седмото место на АТП ранг-листата. Поради тоа што не е вакциниран против Ковид-19, Србинот пропушти многу турнири и два грен слема.

Зверев во изјава за медиумите истакна дека Ѓоковиќ може да игра на високо ниво уште некое време, но дека никогаш повторно нема да биде број еден на АТП.

„Новак може да игра уште три или четири години. Староста е само бројка ако правилно правите одредени работи на теренот и надвор од него, како Ѓоковиќ. Но, не знам дали повторно ќе биде број 1. Големото прашање е, дали ќе игра на Австралија опен? Ако не добие дозвола да игра и во подоцнежниот дел од сезоната повторно не се доделуваат поени на Вимблдон, тој би можел да остане без 4.000 поени на АТП … Како одминува времето формата оди во надолна линија, а тоа е лошо секој тенисер да остане на врвот“, изјави Зверев.

Ѓоковиќ го освои Вимблдон, но не беа доделени АТП поени како санкција од тениската асоцијација, бидејќи Британците не им дозволија учество на руските и белоруските тенисери и тенисерки.

Се вчитува...