„Ѕверска“ партија на Јанис, Милвоки поведе во серијата против Бостон (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата, Милвоки Бакс поведе со 2-1 во полуфиналната серија на истокот против Бостон Селтикс, откако вечерва на домашен терен во третиот натпревар од серијата славеше со …

Прво име во таборот на победникот беше Јанис Адетокумбо кој натпреварот го заврши со 42 поени надополнети со 12 скока и осум асистенции. Одличен кај Бакс беше и Џру Холидеј кој постигна 25 поени.

Кај поразените прво име беше Џејлен Браун со 27 поени, а одлична „ролја“ имаше и ветеранот Ал Хорфорд кој мечот го заврши со 22 поени.

Се вчитува...