Ѕвезда на Милан на мета на Реал Мадрид

Фудбалерот на италијанскиот Милан, Франк Кеси игра во одлична форма сезонава, па затоа летово би можел да ја промени средината. Заинтересиран за него е најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез е вљубен во игрите на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и навистина би сакал тој да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Од друга страна Паоло Малдини не сака да се откаже од еден од најдобрите фудбалери, па росонерите подготвуваат нов договор за Кеси со кој би го задржиле до 2025 година. Сепак, доколку Кеси ја одбие понудата за нов договор, „росонерите“ ќе бидат принудени да го продадат за да не се случи тој без никаква отштета да си замине од „Сан Сиро“.

Се вчитува...