Данска го освои златниот медал на Светското првенство совладувајќи ја Хрватска во големото финале со 32-26 во натпревар проследен со тензична атмосфера на теренот.
Грубоста на Хрватите е главна тема во Данска, а за неа говореше и ѕвездата на Данците, Симон Птлик кој за тамошните медиуми опиша како за изгледал финалниот натпревар.
„Некој мора да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет. Можеби тоа го можат во Загреб, каде што судиите се на нивна страна. Прекршоците кои ги направија се луди. Само така можат да не победат. Не им успеа бидејќи ние сме попаметни. Тие добија глупави исклучувања и играа со премногу емоции. Играа добар ракомет, но не против нас“, изјави вицекапитенот на Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА