Ѕвездата на Минесота го има забивањето на сезоната во НБА (ВИДЕО)

Ѕвездата на Минесота Тимбервулфс, Ентони Едвардс синоќа имаше забивање што ја одбележа досегашната сезона.

Беше третата четвртина од натпреварот кога Едвардс ја прифати топката од соиграчот и се одби кон обрачот на Јута Џез. Пред него беше Џон Колинс, но тоа не претставуваше никаков проблем за Едвардс. Следуваше брутално забивање, за многумина најдобро сезонава, а по него се повредија и Едвардс и Колинс.

„Отсекогаш сум сонувал вакво забивање. Мислев дека нема да успеам, дека сум предалеку од обрачот“, изјави Едвардс по натпреварот.

Во акцијата која е хит на социјалните мрежи се повредија и двајцата играчи. Едвардс имаше изместувањена  малиот прст на левата рака, додека Колинс помина многу полошо бидејќи влезе во протокол за потрес на мозокот.

 

Се вчитува...