Ѕвездата на Партизан ќе игра за Азербејџан

Крилниот напаѓач на Партизан, Зек Ледеј е во Баку, каде наскоро треба да ги расчисти сите административни пречки и да стане државјанин на Азербејџан. Кога ќе го добие пасошот на оваа кавкаска земја, овој 29-годишник  ќе може да игра за кошаркарската репрезентација на Азербејџан.

Претходните денови на социјалните мрежи можеше да се види дека кошаркарот на Партизан се наоѓа во главниот град на Азербејџан, а „Basketnews“ пишува дека е блиску до добивање пасош.

Азербејџан во наредниот период го очекува претквалификациите за ЕП во 2027 година, а оваа репрезентација е во група заедно со Швајцарија, Ирска и Косово.

Се вчитува...