Ѕвездата на Реал Мадрид за трансферот на Мбапе: Не ме интересира

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе по крајот на сезоната ќе биде слободен агент со што ќе биде и слободен да ја бира следната дестинација. Голема веројатност е дека Французинот ќе го замени ПСЖ за Реал Мадрид, но засега официјална потврда се уште нема.

На оваа тема говореше и ѕвездата на Реал Мадрид и француската репрезентација, Орелиен Чуамни кој не е премногу возуден за фактот дека репрезентативниот колега може да му биде и клупски.

„Искрено, во овој момент не ме интересира. Ќе видиме што ќе се случи. Тој во моментот е фудбалер на ПСЖ, а што ќе биде во иднина не знам“, изјави Чуамни.

Се вчитува...