„Бејби бум“: Ѕвезди на ПСЖ станаа татковци девет месеци по победата над Барселона

Четворица фудбалери на ПСЖ добија принови во своите семејства во последниве две недели, но интересен е фактот што децата на Пасторе, Маркињос, Ди Марија и Мура пристигнаа на овој свет девец месеци по триумфот над Барселона со 4-0.

collageddasda

Вечерта се славеше насекаде низ Париз, но во реваншот Барселона успеа да направи историски пресврт со 6-1 на „Камп Ноу“, и ги елиминираше „светците“ во нокаут фазата од ЛШ. Иако елиминацијата е големо разочарување, новите членови во семејствата на овие фудбалери се и повеќе од утеха, поголем подарок од секој трофеј.

Се вчитува...