Чави Пасквал коректен – Вардар заслужи и поубедлива победа

По втор пат годинава големата Барселона потклекна пред Вардар и остана немоќна во дуелот со македонскиот и актуелен европски шампион. По триумфот во полуфиналет на Ф4 во Келн, вардарци и во новата сезона го задржаа победничкиот тренд во ЛШ. Честитки за играта и за победата до Вардар и до својот сонародник и колега на спротивната клупа, Раул Гонзалес, спортски коректно упати и тренерот на Барселона, Чави Пасквал.

Им честитам на Вардар и на Раул за одличната партија и за денешната победа која е целосно заслужена. Заслужија победа и со поголема разлика. Конечниот резултат не е реална слика на она што се случуваше на терен. Ние направивме многу грешки, а противникот лесно доаѓаше до погодок“ – изјави Пасквал по дуелот со Вардар.

Иако вечерва го остави Борко Ристовски на клупата, Чави Пасквал имаше многу пофални зборови и за мекедонскиот голман на голот на Барселона.

„Задоволен сум од тоа како работи Борко Ристовски. Тој бранеше на првите два натпревари, а потоа на следните три бранеше Де Варгас. Тоа го одлучуваме пред натпреварите и никогаш не се знае кој ќе го почне мечот“ – го појасни Пасквал системот на Барса.

Се вчитува...