Teн Хаг: Искрено не го очекувавме ова

Манчестер Јунајтед доживеа епски срам против Кристал Палас (4-0), а секако сите погледи се вперени кон тренерот Ерик Тен Хаг, кој истакна дека е непријатно изненаден од она што го видел во Лондон.

Овој дебакл само ја комплетираше сликата на очајната сезона, а многумина како главен виновник го гледаат холандскиот тренер чија клупа опасно се тресе.

„Како Манчестер Јунајтед моравме да играме подобро. Играчите кои беа на теренот мораа подобро. Не го очекував ова“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...