„Филип Втори“ не го менува името - „Телеком арена“ за комерцијална употреба - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
13/12/2017 14:50
Меѓ. Фудбал
13/12/2017 14:42
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39

„Филип Втори“ не го менува името – „Телеком арена“ за комерцијална употреба

„Филип Втори“ не го менува името – „Телеком арена“ за комерцијална употреба

Националната арена „Филип Втори Македонски“ во Скопје не го менува своето име кое и натаму останува централно за најголемиот македонски стадион, а „Телеком арена“ е име за комерцијална употреба, информираше директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ, Цветко Грозданов.

Грозданов на денешната прес-конференција на која Горан Пандев е промовиран за амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017 информираше и дека во иднина ќе бидат вложени шест милиони евра за комплетно средување на арената.

„Официјалното име на нашиот најголем стадион е доделено со одлука од Владата на РМ, и тоа е Арена Филип Втори. А името за комерцијална употреба е Телеком арена“ – рече Грозданов, на новинарски прашања дополнувајќи и зошто постојано арената се затвара за обнова на теренот.

IMG_0523

„Препораките се после квалификацискиот натпревар со Шпанија во јуни да нема натпревари на стадионот се до Суперкупот кој е на 8. август. Поради тоа го подготвуваме стадионот кај ФФМ како објект на кој ова лето ќе играат македонските екипи во европските купови. Правиме напори да се оспособат и стадионите во Струмица, Тетово и во Прилеп за одигрување на европски натпревари. Очекуваме и тие стадиони во најскоро време да имаат комплетни услови за европски натпревари“ – истакна Грозданов.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.