Година на Роналдо: Освои осум трофеи, му „избегаа“ само два

Најдобриот поединец во редовите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја завршува 2017 година на најдобар можен начин, со одбрана на трофејот во Светското клупско првентство. Португалецот така „собра“ дури осум индивидуални и тимски трофеи.

Од сите можни категории за кои се доделува награда и првенства, Роналдо не успеа да ја земе наградата за најдобар стрелец во Ла Лига, како и „Купот на кралевите“, тие две му ги остави на неговиот конкурент, Лионел Меси.

Но, триумфот над Гремио за Роналдо значеше само едно нешто, уште еден трофеј во колекцијата: шампион на Шпанија, одбрана на пехарот во Лигата на шампиони, одбрана на европскиот Супер – купот, одбрана на шпанскиот Супер – куп, и нормално одбраната на светскиот пехар

Што се однесува за индивидуалните одличја, Роналдо ги освои: „Златна топка“, најдобар играч според ФИФА, најдобар играч според УЕФА.

32-годишниот португалски репрезентативец успеа да освои трофеи во една година колку што многумина фудбалери не би можеле да освојат во цела кариера.

  

Се вчитува...