Инцидент на футсал дербито во Велес: Навивач на Шкупи нападна фудбалер на домашните! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

Инцидент на футсал дербито во Велес: Навивач на Шкупи нападна фудбалер на домашните!

Инцидент на футсал дербито во Велес: Навивач на Шкупи нападна фудбалер на домашните!

Дерби пресметката од 7. коло во Првата македонска футсал лига меѓу екипите на КМФ Велес и Шкупи синоќа во спортската сала „Гемиџии“ во Велес не го дочека својот крај.

Натпреварот беше прекинат во 33. минута при резултат 3-2 за домаќините откако навивач на Шкупи влезе на терен и физички го нападна играчот на Велес, Димче Андов.

Судиите и делегатот без размислување го прекинаа дуелот, инцидентот е пријавен и во МВР на РМ, како и до надлежните во Фудбалската федерација на Македонија. Сосема јасно е дека дуелот на крајот ќе биде регистриран со службен резултат од 5-0 за КМФ Велес, а гостите ќе бидат предадени и на Дисциплинската комисија при ФФМ.

До моментот на прекинот, Дарко Ранготов беше стрелец на два гола за Велес, а Мартин Тодоровски постигна еден, додека за гостите двата гола ги постигна Ведат Арслан.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.