Кошаркарските јуниори убедливо ја совлада Словачка

Јуниорската репрезентација на Македонија забележа значајна победа над Словачка од 83-61 на првиот натпревар на силниот турнир што се игра во Истанбул.

Избраниците на селекторот Ѓорѓи Кочов го изненадија противникот со брза игра, а како пресудна се покажа серијата од 14-0 на стартот од второто полувреме, кога беше создадена двоцифрена предност што „црвено-жолтите“ потоа уште повеќе ја зголемија до самиот крај.

Михајловски со 24 поени и осум скокови беше најзабележителен во редовите на Македонија, пред Панов со 17 и Трсунов со осум поени.

Се вчитува...