Ласе Андерсон пак го повреди коленото, следи нова долга пауза

Ласе Андерсон прераснува во еден од најголемите ракометни малери откако членот на Барселона во иста календарска година вторпат заработи тешка повреда на коленото.

Данскиот бек се подготвуваше за камбек на терените откако на 11 март ги скина лигаментите на коленото. Во последните денови тој тренираше со остатокот од тимот и се очекуваше наскоро да му биде повторно на располагање на тренерот Пасквал, но наместо тоа следеше нов шок за каталонците, Андерсон ја обнови старата повреда.

Ласе Андерсон повторно ги повреди лигаментите на коленото на левата нога, по што беше неопходна нова хируршка интервенција. Операцијата беше успешно извршена, а во следниот период ќе има повеќе информации околу должината на паузата“ – информираат од медицинскиот тим на Барселона.

Данскиот бек во секој случај ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци, а огромни се шансите тој воопшто да не заигра ракомет до крајот на оваа сезона.

Се вчитува...