„Лавовите“ ја посветија победата на убиениот Јанушев: Екс-соиграчот во вечно сеќавање (ФОТО)

Македонија ЃП денеска со 1-0 славеше против Зајази во 10. коло од Втората лига – Запад… А, победата „лавовите“ ја посветија на убиениот поранешен свој соиграч Мартин Јанушев.

Во емотивен краток собир веднаш по мечот, фудбалерите на Македонија ЃП нагласија дека вечено ќе се сеќаваат на својот прерано заминат поранешен соиграч.

makedonija gp

27-годишниот Јанушев е поранешен фудбалер кој во својата кариера настапувал за Скопје, Македонија ЃП, Локомотива… Вчера беше смртно застрелан во скопската општина Аеродром.

Се вчитува...