МЕГАТРАНСФЕР: Фетел има преддоговор со Мерцедес!

Борбата за шампионската титула за оваа сезона во Формула 1 шампионатот штотуку се разгоре, а веќе се појавија и гласни шпекулации околу сензационален трансфер за 2018 година. Имено, италијанскиот новинар Лео Турини, кој важи за најдобро упатен во случувањата во Ферари, откри дека Себастијан Фетел во следната сезона нема да биде дел од овој тим, бидејќи веќе се договорил за преселба во Мерцедес.

Не е никаква тајна дека по повлекувањето на Розберг челниците на Мерцедес го бараа Фетел. Потоа, за време на тестовите пред оваа сезона, Ники Лауда веќе им се пофалил на пријателите дека има преддоговор со Фетел за Германецот да дојдево следната сезона. Себастијан има договор со Ферари до крајот на 2017, а очигледно е дека веќе си го испланирал и следниот чекор во својата кариера“ – открива Турини.

Мерцедес го доведе Валтери Ботас како замена за Роберг, но самиот податок дека Финецот потпиша договор на само едно година е уште еден предзнак дека зборовите на Турини се многу близу до вистината – дека Ботас го „чува“ местото во Мерцедес за Фетел, кој на крајот од оваа година и дефинитивно ќе се пресели во нов болид.

Се вчитува...