Златан Ибрахимовиќ повеќе од половина година беше отсутен од тренинг-центарот на Милан, но шведскиот ас изненади кога се појави да го следи тренингот на „росонерите“, за првпат откако Рубен Аморим дојде на чело на италијанскиот гигант.
Златан во последните две години важеше за прв оперативец кога станува збор за планирање на трансферите, но улогата му беше значајно лимитирана по конфликтот што го имаше со Масимилијано Алегри неколку месеци пред финишот на сезоната. Италијанските медиуми тврдат дека караницата за малку ќе завршела со физичка пресметка, а откако страстите конечно се смириле, Ибрахимовиќ решил повеќе воопшто да не се приближува до тренерот и до екипата.
Се шпекулираше со негово напуштање на управата, но откако челниците решија да му врачат отказ на Алегри, легендарниот голгетер реши да го продолжи престојот на „Сан Сиро“.
Првите информации говорат дека ова била прва средба на Златан со новиот тренер, па останува да се види каква ќе биде нивната соработка во наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
