Ливерпул во офанзива по Балде

Алехандро Балде летово реши да остане и да се бори за првотимски статус во Барселона, но тренерот Ханси Флик јасно стави до знаење дека нема да смета сериозно на овој фудбалер.

Младиот Чави Еспар сега е прва опција за лев бек на Барса, овој фудбалер вчера против Леванте го постигна и првиот гол за каталонскиот гигант, а како поддршка од клупата тука е Жоао Кансело. Балде дефинитивно е „прикован“ на клупата како јасна порака дека треба да си замине од „Камп Ноу“.

Манчестер јунајтед не успеа во намерата да го доведе овој дефанзивец во изминатиот преоден рок, но „црвените ѓаволи“ сега ќе имаат сериозна конкуренција откако Ливерпул реши да се вклучи во трката по Балде.

Ираола не е задоволен од формата на Керкез, а фактот дека прва резерва е Цимикас кој игра катастрофално летово е јасен знак дека Ливерпул треба пак да се активира на пазарот. Најавена е понуда од 40 милиони фунти, се со цел Балде уште до крајот на годинава да биде договорен, а за од 1 јануари да се пресели на „Енфилд“ и да стане дел од екс-шампионот на Англија.

Се вчитува...