Сензација во најава: Серхио Рамос потпишува со премиерлигаш?!

По очајниот старт на сезоната во лигата, во кој забележаа дури три порази и само едно реми во воведните четири кола, Астон Вила одлучи итно да реагира и да ги реши проблемите во одбраната со ангажирање квалитетен слободен играч.

Тимот од Бирмингем, чија разнишана самодоверба не успеа целосно да ја поврати ниту победата во Лигата на шампионите против Клуб Бриж, е блиску до договор со легендарниот шпански дефанзивец Серхио Рамос.

Според информациите од англиските медиуми, преговорите со 40-годишниот поранешен стопер на Реал се во завршна фаза, а се очекува Рамос да пристигне на почетокот на следната недела на лекарски прегледи и потпишување на договорот.

Искусниот шпански стопер е без клуб од декември 2025 година, кога го напушти мексиканскиот Монтереј, а неговото доаѓање на „Вила Парк“ треба да донесе прекупотребно искуство и стабилност во разнишаната одбранбена линија на Унаи Емери.

Се вчитува...