Рома и Комо со сигурни победи

Рома и Комо забележаа нови победи со што останаа во трка за самиот врв на табелата во Калчолигата.

Римјаните денеска гостуваа во Торино каде стигнаа до рутински триумф од 0-2. Мален го продолжи голгетерскиот ритам со гол пред крајот на првото полувреме, а конечните 0-2 во судиското продолжение ги постави Писили.

Комо на домашен терен ја оправда фаворитската улога против Парма со триумф од 2-1. Рамон во 23. минута го отвори резултатот. Каики во 83. зголеми на 2-0, а конечните 2-1 ги постави Ромеро во судиски продолжение.

Се вчитува...