Интер од 0-2 до супер победа над Удинезе

Интер повторно ја демонстрираше својата моќ откако вечерва го совлада Удинезе со 5-3, меч на кој актуелниот првак се врати од негатива од 0-2.

Удинезе во 16. минута имаше два гола предност, но Интер до крајот на полувремето стигна до израмнување со головите на Аугусто и Барела.

Вториот дел мина во доминација на домашниот тим со головите на Турам, Еспозито и Бони, тимот на Интер поведе со 5-2 пред Геје во 90 минута да ги постави конечните 5-3.

Се вчитува...