Милан потопен во Ријека, Астана ја изненади Славија Прага

Фудбалерите на Ријека го совладаа Милан со 2-0, со триумф заокружувајќи го својот настап во групната фаза од Лигата на Европа оваа сезона. Иако немаа шанси за пласман во следната рунда, фудбалерите на хрватскиот првак го изненадија италијанскиот гигант и заслужено славеа со головите на Пуљиќ во првото и на Гаврановиќ во второто полувреме. Мора да се истакне и дека гостите настапија со значително променет состав во однос на средбите од италијанското првенство, но новиот тренер Гатузо немаше причина за задоволство од изданието на фудбалерите кои важат за резерви во таборот на „росонерите“.

Лудогорец обезбеди пласман во 1/16 финале од Лигата на Европа откако бугарскиот првак остана непоразен на гостувањето против Хофенхајм (1-1). Домаќините први поведоа, а клучниот гол за Лудогорец го постигна Вандерсон во 62. минута.

Големо изненадување приреди Астана, која со победата во Прага ја исфрли Славија (0-1). Чешкиот првак промаши неколку одлични шанси и на крајот беше елиминиран од групата А, каде без оглед на денешниот пораз првопласиран е Вилјареал.

Динамо Киев го совлада Партизан со убедливи 4-1, освојувајќи го првото место во групата Б, токму пред „црно-белите“ од Белград.

Група А: Славија П. – Астана 0-1, Вилјареал – Макаби 0-1.

Табела: Вилјареал 11, Астана 10, Славија 8, Макаби 4.

Група Б: Динамо К. – Партизан 4-1, Јанг бојс – Скендербег 2-1.

Табела: Динамо Киев 13, Партизан 8, Јанг бојс 6, Скендербег 5.

Група Ц: Хофенхајм – Лудогорец 1-1, Башакшехир – Брага 2-1.

Табела: Брага 10, Лудогорец 9, Башакшехир 8, Хофенхајм 5.

Група Д: Австрија В. – АЕК 0-0, Ријека – Милан 2-0.

Табела: Милан 11, АЕК 8, Ријека 7, Австрија 5

Група Е: Аполон – Евертон 0-3, Аталанта – Лион 1-0.

Табела: Аталанта 14, Лион 11, Евертон 4, Аполон 3.

Група Ф: Копенхаген – Шериф 2-0, Злин – Локомотив М. 0-2.

Табела: Локомотив М. 11, Копенхаген 9, Шериф 9, Злин 2 Авс.

Се вчитува...