Муњиз: Барди е велемајстор за слободни удари

Тренерот на Леванте, Хуан Муњиз, не го крие воодушевувањето од одличните настапи на Енис Барди во подготвителниот период во пресрет на новата сезона. Македонскиот ас пристигна од редовите на Ујпешт и веднаш се наметна како еден од лидерите на Леванте, постигнувајќи погодоци на три од досегашните четири натпревари што ги одигра за својот нов клуб. Барди најмногу го импресионира својот тренер со слободните удари, откако по ремек-делото против Кадиз, Македонецот постигна фантастичен погодок и на вчерашниот дуел со Вилјареал.

bardi da pukne

Нема сомнеж дека Барди е велемајстор за слободни удари. Кога имаш самодоверба, можеш да сториш буквално се, а јас само се надевам дека тој ќе ја задржи самодовербата што ја има во моментов во текот на целата сезона. Очекувам Барди да ни донесе бодови и во текот на сезоната, тоа ќе ме направи многу среќен. Сепак, ова се само подготовки, но очекувам Македонецот да ја задржи формата и кога ќе стартува она вистинското, средбите од Примера“ – истакна стратегот на Леванте.

Се вчитува...