Најавите дека ЖРК Вардар на крајот на сезоната го распушта ѕвездениот состав денеска добија и официјална потврда. Она што ЕКИПА го најави пред две недели, претседателката на клубот, Гордана Нацева, го потврди денеска пред дуелот со Будуќност во ЛШ.
„Прво што сакам да кажам е дека клубот останува максимално фокусиран на главната цел – освојување на трофејот во Лигата на шампионите. Тоа е првата работа за нас и останува цел и оваа година. Клубот од септември ќе настапува со играчи од сопствениот погон, млади ракометарки од школите на Вардар. Планираме со нив да се работи на подолг рок, да им се наметне амбиција и во иднина тие да станат дел од македонската репрезентација за ЕП во 2022 година. Тоа е мотив и предизвик за нас. Се водевеме според професионалните кодекси и на ракометарките со време им соопштивме да си бараат нови клубови. И покрај сите промени, иднината на клубот не е доведена во прашање“ – изјави Нацева.
ЖРК Вардар четири сезони по ред настапува на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, три пати беше трет, а лани ја освои вицешампионската титула. Сезонава вардарки се единствената непоразена екипа во досегашниот тек од ЛШ и амбициите се и оваа сезона, последна во овој состав, да се заврши на подиумот во Будимпешта.
ПОВРЗАНО: Толку од ЖРК Вардар: Најдобрите ракометарки информирани да си бараат нови клубови!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА