Претседателот Иванов им упати честитки на младите ракометари (ФОТО)

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, ги прими во својот кабинет на вилата на Водно младите македонски ракометари кои остварија голем успех на Светското првенство во Алжир за селекции до 21 година.

ivanov i rakometari 3

„Црвено-жолтите“ го освоија шестото место на мундијалот и покажаа дека Македонија има квалитет што треба да го негува и иднина во ракометниот спорт за следната деценија и повеќе.

ivanov i rakometari 2

Претседателот Иванов им го честиташе големиот успех на ракометарите и им посака во иднина да остваруваат уште подобри резултати и да ја радуваат македонската јавност.

ivanov i rakometari 4

Се вчитува...